
Инцидент на ерменската граница: Се пука, има ранети
Рано утрово, ерменските вооружени сили отвориле оган од митралези во правец на граничниот премин Лачин во Азербејџан.
Било забележано дека гранатирањето било извршено од ерменската станица лоцирана во спротивна насока, токму во моментот на секојдневната церемонија на подигање на националното знаме на Азербејџан.
Како резултат на непријателски оган, најмалку еден припадник на Државната гранична служба на Азербејџан е ранет. Неговата состојба се оценува како стабилна, а укажана е сета неопходна лекарска помош.
Во моментов ситуацијата е под контрола на азербејџанските единици. По гранатирањето, ерменските воени групи го напуштија своето место.
„Овој инцидент е отворена манифестација на ерменскиот тероризам и агресија. Меѓутоа, таквите злосторства не создадоа проблеми за функционирањето на граничниот премин Лачин, а Азербејџан има доволно ресурси да го заштити“, пренесува Азерњуз.