
Инаугурацијата на Владимир Путин на 7 мај
Централната изборна комисија на Русија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори, според кои Владимир Путин освоил 87,28 отсто и со тоа е избран за нов шестгодишен мандат, до мај 2030 година, пренесува Тасс.
Комисијата објави дека кандидатот на Комунистичката партија на Русија Николај Харитонов освоил 4,31 отсто, додека Владислав Даванков од Новата народна партија и лидер на ЛДПР Леонид Слуцки се на третото и четвртото место со 3,85 отсто и 3,2 отсто.
Според законот, инаугурацијата на шефот на руската држава треба да се одржи на 7 мај.
