
ИМОТИ ТЕШКИ НАД 300 МИЛИОНИ ЕВРА ЗАПИШАНИ ПОД ХИПОТЕКА – вредноста на заложените објекти значително зголемена
Од почетокот на
оваа година, па се до крајот на месец март под хипотека биле ставени скоро две
илјади имоти. Ова го покажуваат податоците од регистарот на Агенцијата за
катастар за првиот кваратал од годината. Притоа вредноста на објеките ставени
под хипотека намдинува 326 милиони евра.
–
Во
периодот јануари – март 2024 година се запишани товари врз недвижностите во
вкупен број од 1.953 и со вкупна вредност од 326.659.594 евра – стои во извештајот
на Катастар за првиот квартал од 2024 година.
Доколку се
погледнат истите месеци претходно, ќе се забележи дека има намалување на бројот
на објектите кои се ставаат под хипотека.
Иако минатата
година во првите три месеци биле запишани помалку објекти, сепак годините
претходно имало многу повеќе имоти врз кои е запишана хипотека.
Па така лани под
хипотека биле ставени 1.670 станови чија вредност надминува 220 милиони евра.
–
Во
периодот јануари – март 2023 година се запишани товари врз недвижностите во
вкупен број од 1.670 и со вкупна вредност од 229.025.353 евра – се посочува во
извештаите на Катастар.
Во истиот период
2022 година биле запишани 2,093 објекти под хипотека, чија што вредност
достигнала 919.966 евра.
Додека па година
претходно 2,450 објекти биле запишани под хиптека при што вредноста на
запишаните објекти достигнала 864.192 евра.
Ова укажува дека иако
бројот на имоти ставени под хиптека се намалува, сепак, нивната вредност значително
пораснала, што секако се должи на растот на цените на недвижнините кои беа
ресгирирани во нашата земја последниве години.
П.О.
