Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Има ли поскромен извршен директор во Македонија? Ќе добие 2.300 евра награда, а води фирма што направи 810.000 евра профит
Економија

Има ли поскромен извршен директор во Македонија? Ќе добие 2.300 евра награда, а води фирма што направи 810.000 евра профит

12/04/2023

AA

Интересно е тоа што за наградата на Ѓорѓи Стојанов извршниот директор на БИМ Свети Николе, одлучува најголемиот акционер Стојанче Стојанов, кој воедно е и претседател на Одборот на директори на единствената македонска компанија која произведува битумен и изолациски материјали

Ѓорѓи Стојанов веројатно е најскромниот извршен директор во Македонија. Овој менаџер оперативно ја води единствената македонска компанија за изолациски материјали изработени од битумен БИМ од Свети Николе, успешна домашна фирма која минатата година ја заврши со профит од 810.000 евра.

Во една од предлог одлуките за претстојното акционерско собрание меѓу другото е предвидена награда на извршниот директор на компанија во износ од 2.300 евра.

За да се долови вредноста на наградата мора да се даде контекст кој е составен од другите ставки на истата предлог одлука која ја распределува добивката за 2022 година. А тие ставки се: дивиденда за сите акционери во износ од 288.000 евра, потоа нови инвестиции во вкупна вредност од 256.000 евра, наградата за извршниот директор во бруто износ (со вклучен данок) од 2.300 евра и нераспределена добивка во износ од 263.000 евра.

Структурата на распределба на добивката за 2022 година кај секој инвеститор во акции ќе прати порака дека таа акција заслужува внимание затоа што вреди да се вложи во фирма која домаќински ја распределува добивката и во која извршниот директор оствен плата и надоместоци добива награда која е 0,3 отсто од добивката.

БИМ е домашна компанија која освен што работи успешно има висока репутација како редовен доделувач на дивиденда на своите акционери. Годинава тие меѓусебно ќе поделат 288.000 евра, а секоја акција носи нето износ на дивиденда од 1.650 денари (27 евра по акција).

Најголем акционер во таа компанија е Стојанче Стојанов кој е претседател на Одборот на директори и поседува 53 отсто од акциите. Компанијата има уште 96 мали акционери домашни физички лица кои заедно поседуваат 43 отсто од акциите на компанијата. Тие акционери меѓусебе ќе поделат околу 123.000 евра дивиденда во бруто износ.

БИМ и изминативе две години подели по 30 евра дивиденда по акција на своите акционери. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy