
Им поминаа на америчките пилоти „пред нос“ и порачаа: А што вие правите? (ВИДЕО)
Официјален Пекинг одговори на осудите на САД дека кинески авион извршил „непотребно агресивен“ маневар во близина на американски воен авион над Јужното Кинеско Море.
Американската воена команда одговорна за Индо-Пацификот во вторникот соопшти дека маневарот на кинескиот авион Ј-16 се случил минатата недела и го принудил американскиот авион RC-135 да лета низ турбуленции, пренесува Ројтерс.
На снимката се гледа како кинески борбен авион поминува пред носот на американскиот авион RC-135, кој се тресе поради турбуленции, јавува Ројтерс.
#USINDOPACOM Statement on #PRC Unprofessional Intercept: “We expect all countries in the Indo-Pacific region to use international airspace safely and in accordance with international law.”
Read more⬇️https://t.co/jeAEg1lHXz pic.twitter.com/AvPKRZHCZB
— U.S. Indo-Pacific Command (@INDOPACOM) May 30, 2023
Портпаролот на кинеската амбасада во Вашингтон, Лиу Пенџу, кој не соопшти детали, рече дека САД често распоредуваат авиони и бродови за одблиску извидување на Кина во подолг временски период, што претставува сериозна закана за националната безбедност.
Кина ги повикува САД да престанат со опасните провокации и да престанат да ја префрлаат вината на Кина, рече Лиу.
Тој изјави дека Кина ќе продолжи да ги презема неопходните мерки за одлучно да го брани својот суверенитет и безбедност и дека ќе работи со земјите од регионот за цврсто да ги заштити мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море.
Последниот инцидент се случи пред Пекинг да го отфрли барањето на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу на маргините на Шангри Ла Дијалог, меѓународен форум посветен на безбедноста во Азија, кој се отвора во петок.
