
ИМ ФАЛАТ СТРУЧНИ КАДРИ: Европа ќе привлекува работници од трети земји
Eвропската Унија (ЕУ) ќе промовира план за привлекување на странски работници. Стручни кадри им се потребни во повеќе сектори. Мерките треба да го олеснат поврзувањето на работодавците во ЕУ со лицата од трети земји кои бараат работа, како и да го промовира признавањето на нивните квалификации и да ја поттикне нивната мобилност.
Европската комисија презентира пакет иницијативи за привлекување на стручно оспособени работници од странство и да ја олесни нивната мобилност во рамка на ЕУ, наречен „Мобилност на вештини и таленти“, јави дописникот на МИА од Брисел.
„Ова е прва досега ваква рамка за поттикнување на мобилноста во Европа. Причините за неа се познати. Мора нешто да се направи со недостигот на стручна работна сила на нашиот пазар на трудот, кој е загрижувачки и ендемичен. Почетна основа за дискусијата беше: „Брисел имаме проблем“, изјави потпретседателот на Европската комисија за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас промовирајќи го планот.
Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон истакна дека во услови кога ЕУ се соочува со недостиг на седум милиони работници, развојот на соработката со партнери од трети земји за привлекување на мигранти-работници, исто така, може да биде од взаемна добивка, преку повратната финансиска поддршка во економиите на земјите на нивното потекло. Многу балканци се иселија во европските земји поради работа. Најголем дел од нив се во Германија. Во оваа земја според Евростат има над 100.000 луѓе со македонско потекло.
foto freepik.com/senivpetro

