Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Единствен начин за напредок на државата е зачленување во ЕУ
Македонија

Ковачевски: Единствен начин за напредок на државата е зачленување во ЕУ

17/11/2023

AA

Премиерот, во интервјуто за Канал 5 ТВ, зборуваше за повеќе актуелни теми, со акцент на полититиките за унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Во таа насока, премиерот Ковачевски посочи на важноста на евроинтеграцискиот процес, за којшто изрази очекување дека го споведат прогресивните политичари, пратеници и партии, како мнозинска воља на граѓаните.

„Процесот на европско интегрирање и на нашата држава и на регионот нема алтернатива. Тоа им е јасно на сите. Ако ги погледнете истражувањата на јавното мислење, најголемиот консензус што го имаат сите граѓаните од земјите од Западен Балкан, вклучително и на нашата држава е зачленување на своите земји и на регионот во Европската Унија. Секаде процентите се 70, 80, па и 90 проценти во дел од државите“, посочи премиерот Ковачевски.

Констатацијата дека за Северна Македонија нема друга алтернатива, освен членство во ЕУ, премиерот Ковачевски ја објасни со конкретните придобивки од евроинтеграцијата, од значење за демократијата, економијата, граѓаните.

„Зачленување во ЕУ значи повисок животен стандард, економски просперитет, подобра социјална правда и врвно владеење на демократија и владеење на правото“, рече премиерот, потсетувајки дека никој не понудил друга алтернатива досега за овој процес.

„Кој е тој кој го кочи тој пат на европското интегрирање на државата – тоа се истите тие кои го кочеа зачленувањето на државата во НАТО“, рече премиерот Ковачевски.

„Ние имавме влада на ВМРО – ДПМНЕ, 11 години, кога немавме ниту еден исчекор, одлука во делот на зачленување во НАТО и во ЕУ. Секогаш одлагаа, секогаш ги одложуваа за да на крајот да имаме потешки и полоши решенија“, посочи премиерот и воочи дека истото се случува и денес.
„Уставните измени се блокирани од страна на ВМРО – ДПМНЕ. Одговорноста има име и презиме, тоа е ВМРО – ДПМНЕ и нивното раководство кое се  противи на продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Зошто? Заради едноставно политички причини и играње со емоциите на граѓаните преку воспоставување реторика којашто води кон минатото, а не води кон иднината. Ние како коалиција сме решени овој процес да продолжи и сметам дека ќе дојде денот кога сите пратеници ќе сфатат дека нема алтернатива и дека единствен начин за напредок и на државата е зачленување во ЕУ“, оцени премиерот Димитар Ковачевски, во денешното телевизиско интервју.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy