
Илон Маск ќе прави тестови на луѓе бидејќи ќе развие нешто иновативно
Компанијата на Илон Маск која развива мозочни импланти доби одобрение за првите клинички испитувања на луѓе. Пред неколку месеци американскиот регулатор одби да даде зелено светло и инсистираше на безбедносни гаранции.
Neuralink развива мозочни импланти за да им овозможи на парализираните пациенти да го контролираат надворешниот хардвер со своите мисли.
Идејата е тие да комуницираат пишувајќи на екранот што мислат преку нервните сигнали на нивниот мозок. Подолгорочно, Маск се надева дека технологијата може да влијае на болести како шизофренија и аутизам, па дури и да овозможи телепатија.