Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илиоски и Акиевска – спортисти на Македонија за 2023 година
Спорт

Илиоски и Акиевска – спортисти на Македонија за 2023 година

28/12/2023

AA

Агенцијата за млади и спорт денеска на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година.

Најважните признанија отидоа кај кик-боксерот Бобан Илиоски и натпреварувачката во боди-билдинг Мери Акиевска кои се прогласени за спортисти на годината, во машка и женска конкуренција. Илиоски годинава стана светски шампион во лоу кик во категорија до 86 килограми и освои бронзен медал на европското првенство во маи таи. Во финалето од Светското првенство што се одржа минатиот месец во Португалија, тој го победи Нурбек Урибошев од Узбекистан со 3-0.

Акиевска е тројна светска шампионка во боди-билдинг и вторпат во последните три години е прогласена за спортистка на годината во Македонија.

И останатите награди ги добија натпреварувачи во индивидуални спортови. За најдобар млад спортист е прогласен каратистот Витомир Трајковски, најдобра млада спортистка е каратистката Милија Рељиќ, а за најдобар тренер-селектор е прогласен Дејан Митровски, предводник на репрезентацијата во маи-таи и кик-бокс.

Наградата за најдобра женска репрезентација ја доби сениорската ракометна селекција на Македонија, а најуспешна федерација е Одбојкарската која успешно организираше една од групите на Европското првенство во сениорска конкуренција.
 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Прв претставник на Евровизија и легенда што остави безвременски хитови:

28/06/2026
Македонија

Почина Владо Јаневски – македонската музика остана без еден од

28/06/2026
Македонија

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов –

28/06/2026
Македонија

УХМР издаде метеоаларм: Утре и задутре пеколни температури во Македонија!

28/06/2026
Македонија

Сали: ВРЕДИ добива шест министерства во владината реконструкција

28/06/2026
Македонија

Пукал од џип во Гостивар, потоа сам се пријавил во

28/06/2026
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина

28/06/2026
Македонија

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Прв претставник на Евровизија и легенда што остави безвременски хитови: Кој беше Владо Јаневски?

28/06/2026

Македонската музичка сцена остана без едно од своите најпрепознатливи имиња. Владо Јаневски, поп-пејач, композитор и музичар, остави длабока трага во

Почина Владо Јаневски – македонската музика остана без еден од своите најпрепознатливи гласови

28/06/2026

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва по кратко боледување на една од скопските клиники, на 66-годишна возраст. Веста

Костадин Костадинов стапи во брак: „Ја крунисавме нашата љубов – сега го чекаме нашиот Никола“

28/06/2026

Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, објави дека стапил во брак, споделувајќи емотивна порака на социјалните мрежи. Тој порача дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy