Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Игуменот Георгиј избран за нов митрополит Дебарско-кичевски – Синодот одлучи едногласно
Македонија

Игуменот Георгиј избран за нов митрополит Дебарско-кичевски – Синодот одлучи едногласно

12/06/2025

AA

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска едногласно го избра игуменот Георгиј за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Одлуката доаѓа по неколкумесечна вакуум состојба во оваа епархија, која остана без поглавар по смртта на митрополитот Тимотеј во ноември минатата година.

Игуменот Георгиј, кој до неодамна беше декан на Богословскиот факултет, во текот на само неколку дена помина низ забрзана духовна преобразба – се замонаши на 27 мај, на 28 мај беше ракоположен за јероѓакон, а на 29 мај за јеромонах. На празникот Педесетница, беше произведен и за игумен од страна на архиепископот г.г. Стефан.

Со денешната одлука, тој ја презема духовната и административната одговорност над една од најзначајните епархии на МПЦ-ОА, која опфаќа дел од западна Македонија, вклучително и Охрид и Кичево.

Изборот беше направен со просто мнозинство, но според информации од Синодот, сите 12 владици гласале „за“, што го прави изборот на Георгиј целосно консензуален.

Очекувањата се дека новиот митрополит ќе биде свечено востоличен во наредните денови, а јавноста веќе со внимание ја следи неговата брза духовна кариера, која за многумина претставува преседан во поновата историја на Македонската православна црква.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy