Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Идниот германски канцелар сака преговори за заедничко европско нуклеарно вооружување
Македонија

Идниот германски канцелар сака преговори за заедничко европско нуклеарно вооружување

09/03/2025

AA

Идниот нов германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека сака разговори со Франција и Велика Британија за споделување на нивниот нуклеарен арсенал, но не како замена за американската нуклеарна заштита на Европа.

„Споделувањето на нуклеарното оружје е тема за која мора да разговараме. Мораме заеднички да ја зајакнеме нуклеарната одбрана“, изјави Мерц во неделата во интервју за радио „Deutschlandfunk“.

Тој нагласи дека тие разговори треба да бидат дополнување на американскиот нуклеарен чадор, а не негова замена.

„Треба да разговараме со двете земји Франција и Велика Британија, секогаш од перспектива на надополнување на американската нуклеарна заштита, која, се разбира, сакаме да ја зачуваме“, вели тој.

Германија учествува во нуклеарното споделување на НАТО, но нема свое нуклеарно оружје

Поради историски причини, Германија е обврзана на ненуклеарна одбрана преку низа меѓународни договори, но учествува во програмата на НАТО за споделување на нуклеарното оружје, според која американски нуклеарни боеви глави можат да бидат распоредени на нејзина територија.

Европа ги зголемува трошоците за одбрана поради страв од Русија

На состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел во четвртокот, лидерите поддржаа зголемување на буџетот за одбрана поради загриженоста дека Русија, охрабрена од војната во Украина, би можела да нападне некоја од членките на ЕУ.

Исто така, постои сè поголема несигурност околу потпирањето на САД како главен безбедносен гарант на Европа.

Макрон: Франција би можела да ја прошири нуклеарната заштита, но одлуката останува француска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАТОТ ДО ЕУ СЕ ГРАДИ СО АДМИНИСТРАЦИЈА ШТО ИСПОРАЧУВА РЕЗУЛТАТИ

21/04/2026
Македонија

„Фала, злато си, честам ручек“, му напишала Димитровска на колегата

21/04/2026
Македонија

Царинската управа воведува етапно царинење на возила поради сајбер напад

21/04/2026
Македонија

ПРЕКИНАТИ СПОРНИТЕ ДОКТОРСКИ И МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ Според

21/04/2026
Македонија

Фондација САСА обезбеди финансиска поддршка за развој на четири нови

21/04/2026
Македонија

Завршни зборови за монструозното убиство на Борјанка Николова – обвинителството

21/04/2026
Македонија

Предлог-закон: Пратениците да имаат само македонско државјанство

21/04/2026
Македонија

ЧЕТИРИ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ, 11 ПРИЈАВИ НИЗ ДРЖАВАТА Од физички напади

21/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42729
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy