
Идната недела уписи на УКИМ – слободни над 9.700 места за бруцоши
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје на 19 и 20 август ќе го одржи првиот уписен рок за академската 2025/2026 година. Според конкурсот, на 23 факултети има 9.719 слободни места: 4.683 за редовни студенти во државна квота, 4.081 со кофинансирање и 955 за вонредни.
Најмногу места има на ФИНКИ (1.020), ПМФ (910), Филозофски (880), Филолошки (810) и Медицински факултет (760). Партиципацијата изнесува 200 евра за државна квота и 400 евра за останатите.
Пријавувањето се врши онлајн преку www.upisi.ukim.mk, а следните рокови се 11-12 септември и 24 септември за преостанати места.
