Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
Македонија

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

14/08/2025

AA

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк.

Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година.

Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти запишани на прв циклус, односно втор циклус на студии, како и на интегрирани студии на јавните и приватните универзитети во државата. Апликантите треба да се државјани на Република Северна Македонија  и да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

При поднесувањето на апликацијата, студентите задолжително пополнети и потпишани ги прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. МОН по службена должност ги обезбедува сите останати докази за исполнетост на условите, а кои ги поседуваат МВР,  УЈП и студентските служби на факултетите.

Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, може да се обрати до Секторот за ученички и студентски стандард преку следниот контакт: [email protected].

Финансиската поддршка во износ од 140 денари е наменета за купување храна, а студентот може да ја користи од понеделник до сабота, кај правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. Паричниот надомест не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 1 октомври.

За реализација на исплатите за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје. Оттаму, сите студенти кои ќе се стекнат со ова право, за што ќе бидат известени од страна на МОН по електронски пат, ќе треба да потпишат договор со Шпаркасе банка за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка.

Можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк ќе биде отворена во периодот од 1ви до 5ти секој месец од академската 2025/2026 година и тоа за пријавување на студентите кои не го оствариле правото на субвенциониран студентски оброк по Јавниот повик или чие право престанало поради неисполнување на некој од критериумите, тогаш кога повторно ќе ги исполнуваат.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy