Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Идната недела ќе се одржи јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка
Македонија

Идната недела ќе се одржи јавна расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка

14/11/2023

AA

Предлог законското решение кое ја уредува конфискацијата на имот, чие стекнување не може да се докаже дека е од законски извори, а не е опфатен со конфискација во кривична постапка или со оданочување на имот во даночна управна постапка, веќе е поставено на ЕНЕР и е достапно за коментари. Заради транспаретност на процесот на донесување на овој закон и подобрување на текстот преку отворена дебата, идната недела ќе се одржи јавна расправа на која стручната фела ќе има можност да ги сподели своите предлози и сугестии.

Со донесување на ефективен и применлив Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка се заштитува јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува располагање со имот, за кој не може да се докаже дека е стекнат од законски извори, а со тоа се превенираат кривични дела поврзани со организираниот криминал и корупција.

Поаѓајќи од ставот дека постојното кривично и управно законодавство не може целосно да ги опфати случаите кои се појавуваат во пракса, работната група со која претседава заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, го подготви предлог законот, кој ќе претставува дополнителна и ефективна алатка во борбата со корупцијата. Претходно, во соработка со Советот на Европа, Кабинетот за политики за добро владеење изработи нацрт текст заснован на физибилити студија и анализа на состојбите и моделите на конфискација во модерните правни системи.

Јавната расправа за Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка ќе се одржи на 24 ноември 2023 година во Клубот на пратеници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот

28/10/2026
Македонија

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок

28/10/2026
Uncategorized

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува

28/10/2026
Македонија

825 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА Полицијата фати стотици возачи

27/10/2026
Македонија

НАУТРО ДО МИНУС ДВА, А ПРЕКУ ДЕН ДО 18 СТЕПЕНИ

27/10/2026
Македонија

📽️ ВНИМАТЕЛНО ЗАД ВОЛАНОТ, СНЕГ ВЕЕ НА СТРАЖА И Попова

27/10/2026
Македонија

„СДСМ ПРОПАЃА, А ФИЛИПЧЕ ЗБОРУВА ЗА СРБИЈА“ Милошоски го прозва

27/10/2026
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46400
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Напад пред израелската амбасада во Белград, полицијата го уби напаѓачот

28/10/2026

Едно лице е убиено од српската полиција откако, според официјалните информации, со ножеви нападнало припадник на Жандармеријата кој ја обезбедувал

ОД МАГАЦИНИТЕ ИМ „ИСПАРИЛЕ“ РЕЧИСИ 8 ТОНИ КАНАБИС!? Откриен кусок кај фирма во Струмичко што

28/10/2026

Речиси осум тони сув цвет од канабис недостигаат од магацини на фирма во Струмичко, која се занимава со одгледување канабис

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy