
Идентификувана првата жртва од авионската несреќа во Вашингтон: 28-годишниот копилот кој требал да прави свадба!
Американските власти денеска потврдија дека нема преживеани во судирот на авион и хеликоптер над Вашингтон.
Сега е идентификувана првата жртва на несреќата, а тоа е пилотот на Американ Ерлајнс Сем Лили (28).
Медиумите објавија дека Сем се верил и наскоро требало да се венча.
Тој почна да тренира во 2019 година и беше првиот офицер на фаталниот лет.
Да потсетиме, несреќата се случи синоќа кога авионот со 64 лица се судри со воен хеликоптер Блек Хок со тројца војници и се урна во реката Потомак додека се обидуваше да слета на аеродромот Роналд Реган во близина на Вашингтон.
Американските власти соопштија дека нема преживеани.
