Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЈЗ: Охридското Езеро со „одличен“ квалитет на вода за капење
Македонија

ИЈЗ: Охридското Езеро со „одличен“ квалитет на вода за капење

11/08/2025

AA

Сите 96 примероци на површинска вода земени од 39 локации долж Охридското Езеро во периодот од 20 мај до 17 јули годинава ја исполнуваат највисоката категорија – I класа, покажува најновиот извештај на Центарот за јавно здравје Охрид. И според микробиолошките параметри, водата на сите плажи е оценета како „одлична“, што значи дека езерото е безбедно за капење, рекреација и спортови на вода.

Мониторингот опфатил целиот крајбрежен појас – од Св. Наум до с. Радожда, со редовни санитарно-хигиенски увиди и лабораториски анализи. Иако квалитетот на водата е на највисоко ниво, во извештајот се нотира присуство на потенцијални загадувачи, како објекти кои не се приклучени на колекторскиот систем, септички јами во селските населби, испусти на фекални води преку атмосферската канализација и недоволно прочистување на отпадните води во Св. Наум.

Меѓу препораките за задржување на „одличниот“ квалитет се целосно поврзување на сите објекти на колекторскиот систем, редовно чистење на путекс-постројките, техничко решение за приклучување на населбите од Струга до Радожда, како и чистење на коритата на реките кои се влеваат во езерото.

Според здравствените власти, моменталната состојба на Охридското Езеро овозможува безбедно користење на водата за капење и други рекреативни активности, но потребна е постојана превенција за да се избегнат ризици од загадување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy