Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС, ова не е тема за политички поени
Македонија

Мицкоски: Би сакал сите работници да земаат 1 000 евра минимална плата, но потребен е договор на ЕСС, ова не е тема за политички поени

11/08/2025

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сака минималната плата да биде 1.000 евра наместо сегашните 500, но нагласи дека тоа прашање треба да се решава на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Тој апелираше до „вистинските синдикалци“ да се дистанцираат од политичката реторика, бидејќи, според него, опозициските политичари ги злоупотребуваат, и да се фокусираат на реални синдикални права.

Одговарајќи на новинарски прашања во Петровец, Мицкоски потенцираше дека без договор меѓу синдикатите и работодавачите не може да се донесе нов закон, особено во предизборен период. Според него, услугите се главниот фактор за инфлацијата, а просечната плата расте за 11% при инфлација од 4,5%, што значи дека нето-платата е зголемена.

„Ова не е тема за политички поени, туку за институционална расправа. На последната седница на ЕСС имаше различни ставови, но не и непремостливи разлики. Со конструктивен дијалог може да се најде решение што Владата ќе го почитува,“ рече премиерот.

Тој потсети дека Владата, како најголем работодавец, постигнала договор за зголемување на платите во образованието, здравството, МВР, МО и во сите институции, со што повеќе нема плати еднакви на минималната. За останатиот дел, нагласи, одговорни се синдикатите и работодавачите.

Мицкоски повтори дека цените во услугите ќе растат сè додека граѓаните се подготвени да ги плаќаат, а нивното намалување ќе се случи дури кога побарувачката ќе опадне, бидејќи Владата не може директно да интервенира во овој сегмент.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy