
И покрај ниските температури: Одбележан Денот на рибарите во Охрид
И покрај неповолните временски услови, врнежи од снег и ниски температури, Охриѓани останаа верни на традицијата и го одбележаа Денот на рибарите.
„На Сараиште, денеска, го одбележавме Денот на рибарите со повторно влегување во водите на Охридското езеро. Непоколебливите капачи дадоа посебен шмек на овој ден и предизвикаа радост кај присутните. Нека ни биде за многу години“, напиша на својот ФБ профил градиначалникот Кирил Пецаков.