Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Македонија во домет на иранските ракети – израелската армија објави мапа со потенцијалната теоретска опасност
Македонија

И Македонија во домет на иранските ракети – израелската армија објави мапа со потенцијалната теоретска опасност

13/06/2025

AA

Израелските одбранбени сили (IDF) објавија карта на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) на која се прикажани концентрични кругови што го илустрираат ракетниот домет на Иран. Според оваа илустрација, територијата на Македонија се наоѓа во поширокиот домет до 2.000 километри, што ја става земјата во теоретска опасност доколку дојде до ескалација на конфликтите.

„Иран не му се заканува само на Израел – тој е глобална закана. Израел е само почеток, не и крајна цел“, соопшти израелската војска, оправдувајќи го воздушниот напад врз Иран што беше изведен синоќа во рамки на операцијата „Лавот се буди“ („Operation Rising Lion“).

Цел на нападот биле повеќе од 100 мети, меѓу кои и нуклеарниот комплекс Натанс, централно постројување за збогатување ураниум. Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека целта на операцијата е „да се неутрализира егзистенцијалната закана“ која доаѓа од иранската нуклеарна програма.

Картата предизвика дополнителна контроверзија поради неточни или погрешно прикажани граници – како што е примерот со тоа што БиХ добила дел од Јадранското Море на сметка на Хрватска. Поради ваквите неточности, IDF се извини со појаснување дека се работи за илустрација, а не за геополитички точна мапа.

„Оваа објава е илустрација на регионот. Картата не ги прикажува прецизно државните граници. Се извинуваме за секоја можна навреда“, се наведува во соопштението на IDF.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

43 случаи на западнонилска треска, вирусот првпат потврден и кај

21/08/2026
Македонија

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84

21/08/2026
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

43 случаи на западнонилска треска, вирусот првпат потврден и кај мртов гарван во Скопје

21/08/2026

Во земјава досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се сигурно потврдени, додека кај уште три

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84 илјади

21/08/2026

На едно просечно домаќинство му се потребни сè повеќе средства за да ги покрие основните месечни трошоци. Синдикалната минимална кошница

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките на Пелистер

21/08/2026

Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто можи да се забележи во неговите живеалишта во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy