
„И, КАКО ВЛИЈАЕЈА САНКЦИИТЕ ВРЗ РУСИЈА?: „Тие очекуваат раст, а ЕУ рецесија
Словачкиот министер за надворешни работи Јурај Бланар изјави дека санкциите што Европската унија и ги воведе на Русија по почетокот на војната во Украина немаат ефект.
„Русија очекува економски раст и покрај санкциите, додека ЕУ се лизга во рецесија“, нагласи Бланар во интервју за Die Presse. Тој додаде дека овие санкции директно влијаат на словачката економија и животниот стандард.
Покрај тоа, Бланар истакна дека понатамошната испорака на оружје во Украина ќе доведе до смрт на повеќе луѓе, пренесува teletrader.
„По повеќе од 600 дена војна, изгледа како замрзнат конфликт без воено решение“, рече тој и повика на мирно решение.
