Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 И Фетаи го напушта Таравари! – „Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило, мора да се соочат со вистините“
Македонија

И Фетаи го напушта Таравари! – „Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило, мора да се соочат со вистините“

18/05/2025

AA

Потпретседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење Арбен Фетаи се чини дека останува во владеачкото мнозинство.

Тој денеска преку обраќање во јавноста истакна дека гласот на оние што не се продаваат никогаш не оди преку Али Ахмети и оти нема да дозволат ДУИ толку лесно да се врати.

„Драги пријатели, симпатизери и вие, неуништливи членови на Алијансата за Албанците. Овие денови примив стотици пораки, повици и пораки од вас – од базата, од нашето членство и од нашите гласачи. Затоа, денес чувствувам обврска да ви се обратам со оваа порака.

Ние не сме само поддржувачи на една партија. Ние сме чувари на една кауза. На еден идеал кој никогаш не бил продаден, ниту некогаш се поклонил.

Вие што ја изградивте оваа Алијанса со труд, со посветеност, дури и кога сè беше против нас. Вие што бевте прогонувани и дискриминирани поради вашите политички убедувања и не се откажавте повеќе од 20 години. Вие што никогаш не дозволивте Алијансата да стане алатка на лични интереси. И што го заштитивте патот на Арбр како завет.

Денес, заедно, се наоѓаме на историска раскрсница. Пред една година, донесовме храбра одлука – да го поведеме одамна посакуваното, но никако задоцнето, менување. Денес, речиси една година подоцна, го имаме истиот храбар дух. Иста визија. Но денес, не можеме да живееме во минатото. Мора да ја градиме иднината – со истрајност, со достоинство.

Членството зборува. Гласачите зборуваат. Гласно, јасно, со барање за правда и чист пат. И јас денес ви велам, со целосна убеденост: Тука сум, на страната на секој од вас што не го прифаќа понижувањето на нашата надеж. Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило. Тие мора да се соочат со вистините од кои бегаа две децении.

Овде не станува збор за поединец. Овде станува збор за нашето колективно достоинство. Мојот глас е вашиот глас. Гласот на Алијансата што не се предава. Што не се продава. Што не се плаши. Ние сме гласот на патот на Арбр. А тој пат никогаш не минува низ Али Ахмети, ниту низ кој било што не ѝ мисли добро на нашата заедница“, порача Фетаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ

05/10/2026
Македонија

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026
Македонија

5.628 ЛИЦА ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА ВО ОПЕРАЦИЈАТА „ЧИСТАЧ“ Полицијата приведуваше

05/10/2026
Македонија

СОНЧЕВО И ТОПЛО ДО ЧЕТВРТОК, ОД ПЕТОК ВРНЕЖИ Потоа следува

05/10/2026
Македонија

ВЕШТАК НА ОДБРАНАТА ТВРДИ ДЕКА ОНКОЛОШКИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ДАВАНИ СОГЛАСНО

05/10/2026
Македонија

ДВЕ ДЕЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ КАЈ КУМАНОВО Жена со „пежо“ излетала

05/10/2026
Македонија

ОТВОРЕНА ГРАДИНКА ВО ПРШОВЦЕ ЗА 147 ДЕЦА Со пари од

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45990
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА Средбата ќе се одржи на

05/10/2026

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат в четврток во

ДВЕ ЛИЦА ПРИВЕДЕНИ ЗА ПРОНЕВЕРА НА 1,3 МИЛИОНИ ЕВРА БУЏЕТСКИ ПАРИ Финансиската полиција претресува на

05/10/2026

Две лица се приведени, а Финансиската полиција врши претреси на повеќе локации во истрага за проневера на речиси 80 милиони

ЧЕТВОРИЦА БИТОЛЧАНИ СЕ СТЕПАЛЕ ВО КАЗИНО Го нападнале и обезбедувањето

05/10/2026

Во 03:15 часот рано изутринава во казино на улица Димитар Илиевски Мурато во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy