
И Будуќност на списокот на Партизан – осма победа по ред за „црно-белите“
Тоа е осми триумф за „црно-белите“, ако се сметаат сите натпреварувања, а сите се остварени во последните 20-тина дена. Партизан долго се загреваше на овој меч, во првата четвртина губеше и со десет разлика (12-22), но веќе во вториот период работите си дојдоа на своето место.
Домаќините направија серија од 15-0 за водство од 40-31, Будуќност подоцна се доближи на три поени негатива, но не успеа да направи нов пресврт. Во второто полувреме разликата речиси постојано беше двоцифрена, па Партизан мирно го приведе натпреварот кон крај.
Со овој триумф, бранителот на титулата има биланс 9/3, но се уште заостанува во однос на Црвена Звезда која утре гостува кај Студентски Центар, а во моментов е на 10 победи и еден пораз.