Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование
Економија

ХУЛМАН: Имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да го поддржиме дуалното стручно образование

13/12/2024

AA

Aмбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Хулман на денешниот настан „Придобивки од воведување на практична настава во високото образование и улогата на бизнис заедницата во процесот“ што се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија изјави дека соработката
меѓу приватниот сектор и образовниот систем е клучна за економскиот раст, за
иновативноста и за сите нас. 

Додава дека ваквата соработка меѓу приватниот сектор и образовниот систем, и на ниво на
средно образование, но и кај високото образование е клучен фактор за успехот на
швајцарскиот иновативен капацитет и за способноста да се одржи растот во
Швајцарија. 

„Како што беше кажано, имаме инвестирано многу во Северна Македонија за да
го поддржиме дуалното стручно образование. Значи, не за неговото воведување,
туку поддршка за реформите што ги спроведува земјата, на Министерството за
образование, како за на приватниот сектор и образовниот систем. Ваква соработка
меѓу овие три чинители постои, а ние се обидуваме, преку нашата програма и
систем за стручно образование, да ја зајакнеме соработката меѓу трите чинители.
Досега е доста успешна и ми е мило за она што го постигнавме: повеќе од 560
компании се дел од ова партнерство, а 12.000 студенти се веќе вклучени во овој
систем на дуално стручно образование. Секако, има уште многу што треба да се
стори, но гледаме од првичните искуства дека дипломците наоѓаат добри работни
места во Северна Македонија, па и во странство, а приватниот сектор овде ги
добива потребните стручни кадри. Значи, сите имаат корист од ова и тоа
навистина се гледа. Мислам дека тие 12.000 студенти кои се веќе во системот
наскоро ќе придонесат за приватниот сектор и за компаниите тука во Северна
Македонија. Мило ми е што сум тука денеска, затоа што споменатото се однесуваше
на секундарното образование, но важно е да се има вакво работно искуство и во
терциерното образование. Во Швајцарија, универзитетите тесно соработуваат со
приватниот сектор, а приватниот сектор има луѓе во универзитетите што дозволува
да се создадат вештините, квалификациите и компетенциите кои му се потребни. Всушност,
иновациите се тие што ја носат Швајцарија напред, ова е мошне важно и тука
мислам дека универзитетите играат клучна улога. 
Одлично се чувствувам затоа што иницијативата не доаѓа од проектот, доаѓа
од Стопанската комора, од универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Затоа
што доаѓа од овие два клучни национални чинители, чувствувам еден замав кон
успех. Министерката за образование не можеше да биде со нас денеска, но и таа
силно ја поддржува оваа иницијатива“, вели таа. 

Како што додаде, се чини дека веќе се има
воспоставено добро партнерство меѓу државата, приватниот сектор и образованиот
систем,  затоа што националните чинители сакаат така. 

„Процесот е на самиот почеток, треба да сме свесни за тоа, но добро е што се
започна, а мислам дека почеток на вакви солидни основи има голема шанса за
успех. Швајцарија ќе се обиде да ја поддржи оваа иницијатива што е можно
повеќе, но мора да остане локална иницијатива и на тоа настојувам. Тоа е
најдобриот рецепт за успех. Мора да биде предводена од вас, од Стопанската
комора, од образовниот систем, а не од меѓународните партнери. Чувствувам, а и
гледам денеска, дека тоа и се случува.

Уште едно нешто за Швајцарија, а и каде гледаме дека има уште многу што да
се стори. Кога разговаравме претходно со претседателот на Комората, зборувавме
за улогата на приватниот сектор во креирањето политики во една земја. Кога
зборуваме за системот на дуално стручно образование во Швајцарија, тој се води
целосно од страна на приватниот сектор. Државата го олеснува, одобрува и заедно
со приватниот сектор решава што ќе прави. Така што, оваа голема улога што може
да ја има приватниот сектор е суштествена. Би ја охрабрила Комората сериозно да
се ангажира со државата и образовниот систем, да ја преземе ваквата улога која
е од корист за вашите компании, важна за вашата земја и би рекла важна за
младите генерации. Мислам дека има добри работни можности, добри плати во
приватниот сектор, што нуди повеќе причини да се остане во оваа убава земја.
Оваа иницијатива може исто така да придонесе за тоа. Точно, некои ќе заминат,
факт е дека има фактори што задржуваат и такви што оттурнуваат, но некои ќе
останат, а тие што ќе останат ќе имаат можности и ќе придонесат за оваа
промена, ќе ги подобрат условите за живеење во земјата, економијата и
целокупната состојба“, вели амбасадорката. 

Објасни дека проектот има за цел да ја промовира соработката. 

фото МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата го одби барањето на Филипче за референдум за ЕУ

27/05/2026
Македонија

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026
Македонија

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории

27/05/2026
Македонија

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на

27/05/2026
Македонија

МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27/05/2026
Македонија

Со возачка дозвола од „Б“ категорија отсега ќе може да

27/05/2026
Македонија

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог законот за

27/05/2026
Македонија

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии

27/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43491
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата го одби барањето на Филипче за референдум за ЕУ

27/05/2026

Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, поради што нема

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026

Камион полн со роба се запали попладнево на патот Битола-Прилеп. Според информации од терен, формирани се големи колони и застој

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

27/05/2026

Нова финансиска поддршка за социјално загрозените лица Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy