Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХРВАТСКИ ГРАД БАРА ПЕДИЈАТРИ ИТНО: Локалните власти нудат големи плати и ќе плаќаат кирија за стан од 500 евра
Регион

ХРВАТСКИ ГРАД БАРА ПЕДИЈАТРИ ИТНО: Локалните власти нудат големи плати и ќе плаќаат кирија за стан од 500 евра

10/08/2023

AA

Копривница е соочена со недостиг од педијатри специјалисти
вработени на неопределено и со полно работно време во специјалистички ординации
за здравствена заштита на деца од предучилишна возраст.

„Поради недостиг од педијатриски специјалисти, загрозен е континуитетот
и достапноста на специјалистичка здравствена заштита за децата од предучилишна
возраст во областа Копривница, а се заканува и проблемот со неможноста за
нејзино натамошно обезбедување“, посочуваат од Градската управа.

Според тоа, мерките се насочени кон вработување на доктори
по медицина од областа на педијатријата на неопределено време, со полно работно
време во Здравствениот дом на жупанија и нивно задржување во работен однос.

Градот на педијатрите ќе им обезбеди стимулативен надоместок
во нето износ од по 13.272,28 евра или 100.000 куни годишно за секој лекар
специјалист, за секоја календарска година почнувајќи од оваа година.

Освен тоа, ќе ги финансираат и трошоците за изнајмување
стан. Така, специјалист педијатар вработен на неопределено време со полно
работно време има право на финансирање на трошоци за кирија до 500 евра (околу
3.800 куни) месечно, под услов да не поседува сопствен имот во Копривница.

Конкурсите за вработување ги спроведува Здравствениот дом на
Копривничко-крижевачката жупанија, информираат од градската управа на
Копривница. Седницата на Градскиот совет треба да се одржи во септември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Привремено ограничување на делница од патот Штип – Радовиш, еве

22/06/2026
Македонија

Седум лица приведени од вкупно девет пријави за семејно насилство

22/06/2026
Македонија

Барање за притвор по инцидент во тетовско – маж кршел

22/06/2026
Македонија

Сите осомничени во случајот со ФФМ обезбедени, Обвинителството продолжува со

22/06/2026
Македонија

Македонија сака извозна економија, но бакарот од Иловица останува неискористена

22/06/2026
Македонија

До 10.000 евра грант за сопствен бизнис: Отворен повик за

22/06/2026
Македонија

Мицкоски бара пониски цени во маркетите

22/06/2026
Македонија

УХМР со најава: Следуваат дождови, грмежи и локално невреме со

22/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43874
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Привремено ограничување на делница од патот Штип – Радовиш, еве кога ќе важи!

22/06/2026

Возачите кои во вторник ќе патуваат на релација Штип – Радовиш треба да сметаат на привремена промена во режимот на

Седум лица приведени од вкупно девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

22/06/2026

На 21.06.2026 во 17:26 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода Б.С.(51) од Гевгелија,

Барање за притвор по инцидент во тетовско – маж кршел покуќнина и се заканувал со

22/06/2026

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против жител на тетовското село Гајре, осомничен за семејно насилство и нанесување телесни повреди.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy