Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрватска поскапа од Шпанија и Грција: Цените растат секој ден
Регион

Хрватска поскапа од Шпанија и Грција: Цените растат секој ден

01/04/2023

AA

Хрватските медиуми со анализа на цените за туристичките понуди во земјата, и споредба со земјите во близина кои исто така излегуваат на море. 

Тамошните познавачи на состојбите потенцираат дека Хрватска е значително поскапа во однос на Грција, но и на Шпанија. 

– Ние сме за околу 25 отсто поскапи од нашите конкуренти, но не само во однос на сместувањето, туку и понудите вон пансион. Во ресторан во Грција ќе платите 25 евра за најскапото шише вино во сезоната, а во Сплит 50 евра – вели претседателката на Хрватското здружение за семејно сместување, Барбара Марковиќ.

Цените на сместувањето на море за две години се зголемија за околу 30 отсто. На пример, стан кој пред две години чинеше 80 евра, годинава е околу 100 евра. Со оглед на тоа, за седум дена во тој стан треба да одвоите околу 700 евра. И покрај високите цени, Барбара Марковиќ истакнува дека резервирањето на шпицот на сезоната засега оди добро.

– Цените се за 15 отсто повисоки во однос на лани, а лани во однос на претходната година веќе се покачени за 15 отсто. Значи, сите заедно околу 30 отсто. Цените поскапеа поради струјата, разни фактори, но и поради економското одржување на становите. Во Далмација е невозможно да се најде чистачка за помалку од 20 евра на час – рече таа.

Воедно Марковиќ посочува дека Хрватска е поскапа дестинација од Шпанија и Грција.

„Ние сме за околу 25 отсто поскапи од нашите конкуренти, но не само во однос на сместувањето, туку и понудите вонпансион. Не би имала проблем со тоа ако „Хрватска се профилира како бутик, а не како дестинација за масовен туризам. Она на што сите треба да работиме е пред се содржината – истакна таа.

Според неа, шпицот е добро исполнет, но не и претсезоната во Далмација.

– Дубровник одамна е брендиран како луксузна дестинација каде што гостите пристигнуваат со авион, Истра добро се полни поради близината на нејзините пазари за радиодифузија, а на Далмација генерално ѝ недостига содржина и тоа е причината зошто претсезоната не оди добро – објаснува таа.

Марковиќ вели дека апелираат да се дадат попусти за домашните гости. Сепак, на гостите им се препорачува да избегнуваат платформи и да договорат сместување директно со станоиздавачите. Значи би требало да имаат околу 20 отсто пониска цена. Исто така, вели дека би било добро да се резервира сместување во претсезоната и постсезоната.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
Македонија

ДВЕ РОБОТСКИ АСИСТИРАНИ ГИНЕКОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ ИЗВЕДЕНИ ВО ЕДЕН ДЕН ВО

24/09/2026
Македонија

СЕ ВРАЌААТ ПОВИСОКИТЕ КОЕФИЦИЕНТИ ЗА УСТАВНИТЕ СУДИИ Предлогот оди пред

24/09/2026
Македонија

ЌУРКЧИЕВ ГО ОБВИНИ СДСМ ЗА ФАЛСИФИКАТ И НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА

24/09/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ – ЛЕКАРИТЕ МОЖАТ ДА РАБОТАТ ДОПОЛНИТЕЛНА РАБОТА

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45783
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте порача, Америка е најголема сила,

24/09/2026

Македонската делегација, која учествува на Генералното Собрание на Обединетите Нации, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на одбележувањето на

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за постигнат договор со ОАЕ

24/09/2026

Од почетокот на месец март следната година, ќе се лета директно од Дубаи за Скопје. Преговараме и за поврзување на

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД ПЛАНИРАНИТЕ ЗА ГОДИНАВА Министерот Серафимовски

24/09/2026

Пратеничката Бисерка Златеска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања побара од министерот за земјоделство, шумарство и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy