Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хрватска ќе гради уште еден мост до островот Крк
Регион

Хрватска ќе гради уште еден мост до островот Крк

03/01/2024

AA

Во Хрватска почнаа подготовките за изградба на уште еден мост на Крк. Ќе има два ката, едниот за патен, а другиот за железнички сообраќај, а само изработката на документацијата ќе чини околу 600.000 евра. Според проценките на „Хрватска автоцеста“, мостот би можел да биде изграден за пет години. Актуелниот мост е изграден во 1980 година и порано беше познат како „Титов мост“.

Агенцијата во вторник објави јавен тендер за изработка на документација за новиот мост на Крк. Конкурсот ќе биде отворен до 29 јануари. Проценките се дека ќе бидат потребни најмалку пет години за да се изгради мостот. Се очекува да ќе требаат три години за истражување на влијанието врз животната средина и изработка на документација, а две години за градежните работи. Во тендерот не е прецизирано каква ќе биде изградбата на мостот, но ќе се утврдува во фазата на подготовка на документацијата.

Ќе води до пристанишниот терминал во Омишље на Крк, кој допрва треба да го градат. Трасата ќе се движи јужно од сегашниот поврзувачки пат, а новиот мост, за разлика од постоечкиот, нема да го минува островот Свети Марко. Изградбата на вториот мост на Крк ја потврди и хрватскиот министер за поморство, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. 

„Откако го реновиравме постоечкиот мост на Крк пред две години, стратегијата за развој на транспортот планира да се изгради и овој втор, нов мост, вклучувајќи го и железничкиот“, рече тој. 

Тој нагласи дека на Крк веќе ќе му треба втор мост, но по завршувањето на контејнерскиот терминал во Омишље потребите ќе бидат уште поголеми и стариот мост нема да биде доволен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy