
ХРВАТСКА БАРА РАБОТНИЦИ: Им требаат 70.000 сезонци
Хрватскиот туризам годинава има потреба од 70.000 сезонски работници.
Хотелиерите се обидуваат да ги привлечат и оние кои штотуку излегуваат на пазарот на труд. Проблемот со сезонската работна сила од година во година е поизразен, но квалитетно решение нема. Само големите работодавачи во туризмот, кои работат цела година, можат донекаде да задржат квалитетен кадар, пишува Seebiz. Преку повисоки плати настојуваат да ги задржат работниците.
Во Хрватска доаѓаат и работници од сиромашните азиски земји.
foto freepik.com