
Хрват водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка
Маж во Хрватска водел гола жена низ село прикажувајќи ја како прељубничка.
Настанот се случил во близина на Загреб. Мажот е уапсен, а потоа се обидел да го убеди истражниот судија дека е добар човек. Како што јави загрепската телевизија N1, мажот бил многу насилен кон сопругата, но и ја нарекувал со навредливи зборови. Истиот е приведен за семејно насилство, закани и нанесување телесни повреди.
Обвинителството побара да му се одреди мерка притвор за да не влијае врз сведоците и да се спречи да го повтори делото. Судијата го оцени барањето на Обвинителството оправдано и осомничениот е однесен во затворот Ремитенец.