
Хорор во струмичко: Маж ја избодел сопругата, претходно се обидел насилно да и стави непозната течност во устата!
Четириесет и осумгодишен жител на струмичко село бил уапсен вчера откако, според пријавата, истиот ден со остар предмет нанел повреди на својата сопруга.
Претходно, тој се обидел насилно да и стави непозната течност во устата со помош на шприц, соопштија од полицијата.
Мажот е задржан во полициската станица во Струмица, а за настанот е информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По неговите насоки, се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што ќе следи поднесување на кривична пријава против лицето.

