Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ХОРОР ВО РОМАНИЈА: Браќа близнаци (9) пронајдени мртви во куќата до нивната баба, која била во несвест
Македонија

ХОРОР ВО РОМАНИЈА: Браќа близнаци (9) пронајдени мртви во куќата до нивната баба, која била во несвест

11/03/2024

AA

Двајца деветгодишни браќа близнаци од селото Деса во Романија се пронајдени мртви во понеделникот наутро, откако настрадале од труење со јаглерод моноксид.

Во куќата екипите за интервенција ја затекнале и нивната баба (51) која била во бессознание. Жената е пренесена во болница во тешка состојба, пренесува романскиот портал Либертатеа.ро. На местото на настанот веднаш била испратена брза помош и противпожарна единица, но и покрај обидите за реанимација, не успеале да ги спасат двете деца.

Како што пишува Adevarul.ro, браќата близнаци биле пронајдени мртви покрај нивната баба, која била во тешка состојба.

Дедото ги пронашол телата на децата

Децата ги одгледале нивните баба и дедо, откако пред неколку години ги оставила мајка им, а татко им заминал да работи во странство. Тие делеле соба со нивната баба, додека нивниот дедо спиел во друга соба.

Тој е оној кој утрово ги нашол сите во онесвестување во куќата, пишува Adevarul.ro. Веднаш повикал помош и раскажал што се случило. Сомневајќи се дека најверојатно се работи за труење со јаглерод моноксид од шпоретот, полицијата испратила брза помош и противпожарна единица на местото на настанот.

Истрагата продолжува „за да се утврдат точните околности во кои се случил настанот“, соопшти полицијата.

Селото Деса, кое има околу 5.000 жители, се наоѓа во областа Дољ во Олтенија, во близина на границата со Србија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп до Израел: Вратете ги вашите пилоти дома, веднаш!

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати итна порака до Израел во која го повикува да ги запре планираните воздушни напади.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy