КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација на државно земјиште
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д. (76) од дебарското село Горно Косоврасти поради сомнение дека сторил кривично дело „узурпација на недвижности“.
Според полицијата, тој на катастарски парцели во близина на Дебарското Езеро неовластено оградил земјиште во државна сопственост.
Дополнително, спротивно на Законот за градење, на земјиштето изградил бетонски ѕидови.
.
Извор: plusinfo.mk