Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГРАДЕЖНИЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ГРАДАТ – за 34,4 отсто помал бројот на одобренијата за градба
Економија

ГРАДЕЖНИЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ ГРАДАТ – за 34,4 отсто помал бројот на одобренијата за градба

11/03/2024

AA

Стагнира интересот за градба во земјава последниве месеци покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Согласно најновите податоци, во јануари годинава биле издадени 256 одобренија за градење, што е за 34,4 отсто помалку во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

– Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.503.536 илјади денари, што е за 41,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 166 или 64,8 проценти се наменети за објекти од високоградба, 48 или 18,8 отсто за објекти од нискоградба и 42 или 16,4 проценти за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 164 (64,1 отсто) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 92 објекти (35,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 615 станови, со вкупна корисна површина од 56 031 метри квадратни – посочуваат од Статистика. 

Она што се забележува е дека намалувањето на бројот на одбренија не се случува само во јануари, туку напротив присутен е веќе подолг период, а помалку одобренија има континуирано последните месеци.  

Па така во декември 2023 година биле издадени 293 одобренија за градење, што е за 4,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Слична тенденција имало и во ноември 2023 година, кога се издадени 318 одобренија за градење, што е за 10,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

И во октомври 2023 година ситуацијата биле слична, па тогаш биле издадени 325 одобренија за градење, што е за 12,9 отсто помалку во однос на истиот месец од 2022 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy