
ХОРОР ВО ГРАДИНКА! Пронајдено големо количество наркотици, едно дете починало од предозирање
Две лица се обвинети за убиство и заговор за дистрибуција на дрога
Килограм фентанил е пронајден под подлога за спиење во градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три биле пренесени во болница поради предозирање со дрога , соопшти полицијата.
Детето, кое само една недела било во градинката, починало во петокот, а се сомневаат дека се предозирало со дрога , јави Би-би-си.
Уште три деца се хоспитализирани откако биле изложени на моќниот наркотик во дневен престој во Бронкс.
Две лица се обвинети за убиство и заговор за дистрибуција на дрога.
Полицијата верува дека децата, на возраст од осум месеци до две години, вдишувале фентанил во дневната градинка.
За време на претресот во дневната градинка, еден килограм фентанил бил пронајден „под душекот каде што претходно спиеле децата“, изјави во понеделникот главниот детектив на Њујоршката полиција Џозеф Кени.
Полицијата соопшти дека дрогата пронајдена во градинката можела да убие 500.000 луѓе.
Фентанил, синтетички лек против болки, е 50 пати посилен од хероинот.
