
ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Србин со нож ја убил својата поќерка
40-годишен Србин е осомничен дека ја убил седумгодишната ќерка на својата партнерка во Улм, Германија. Германските медиуми јавуваат дека осомничениот маж е сместен во психијатриска установа. Германската полиција соопшти дека осомничениот се бранел со молчење, пренесува Нова.рс.
Осомничениот веднаш бил приведен
Во понеделникот на Велигден, човекот сам се јавил во итната помош и признал дека ја избодел до смрт својата поќерка. Телото на девојчето било пронајдено во теренот на училишниот центар во областа Виблинген. На местото на злосторството бил и осомничениот и веднаш бил приведен.
Форензичарите потоа го опколиле местото на настанот за да најдат докази. Надлежниот судија на Окружниот суд на осомничениот му изрече мерка притвор.
