
ХОРОР: Пациент сместен во скопска болница загинал откако паднал од висина, телото ќе оди на обдукција!
На 30.04.2023 во 18,15 година во СВР Скопје е пријавено дека во Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември Скопје, на подрачје на Ѓорче Петров, нивниот пациент М.С.(78) од с.Иванковци, велешко, паднал од висина.
Од лекар од итна медицинска помош е констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

