
Хорор на италијанска свадба: Се урна таванот на манастирот од 15 век
Триесет лица се повредени при уривање на таванот за време на венчавка во поранешен манастир од 15 век во село во близина на тосканскиот град Пистоја, соопштија италијанските власти.
Гувернерот Еугенио Џани изјави дека петмина од повредените се во критична состојба.
Пречекот се одржа во ресторан кој порано бил манастир.
Повредените се пренесени во неколку болници во областа, вклучувајќи ја и Фиренца.
Пожарникарите извлекувале луѓе од под урнатините, јави италијанската агенција АНСА. Никој не е пријавен за исчезнат.
Причината за уривањето на таванот се уште не е утврдена.
