
Хит видео на Дритан Абазовиќ: Црногорскиот премиер заносно танцува на свадба ВИДЕО
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ деновиве е актуелен на социјалните мрежи поради видеото на кое се гледа како одлично се забавува.
Станува збор за видео кое ја изненади целата јавност во регионот, каде може да се види како Дритан екстатично танцува на прославата.
Bebo ako si slobodna da mi igraš na svadbu ka dritan pic.twitter.com/U2nm5tKoP4
— Fenomen (@revakcinisan) June 4, 2023
Ова видео е направено на свадбената веселба на Алекса Бечиќ, на која јасно се гледа како Дритан среќно скока и ги раширува рацете во правец на непозната девојка.
Да потсетиме, Дритан во едно неодамнешно интервју изјави дека „никој нема да му даде ќерка“.
На видеото се гледа и Алекса Бечиќ, претседателот на Демократска Црна Гора, како плеска и скока.
Исто така, на социјалните мрежи неодамна кружеше видео од Дритан како се радува на свадба и ја игра „Шота“.
Очигледно е дека Дритан Абазовиќ сака да се забавува и ужива во добра атмосфера.
Фото: Принтскрин/Твитер
