Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на групацијата Триглав
Економија

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на групацијата Триглав

05/06/2023

AA

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од
кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од
кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со
седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на
Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните
согласности од страна на хрватските надлежни тела.

Учета Дузлевска е Генерален Директор на Триглав Осигурување Живот веќе
трета година, започнувајќи од Октомври 2020 година. На таа позиција дојде после
поминати три мандати во осигурителниот сектор на главна извршна позиција, во кои имаше клучна улога во
развојот на животното осигурување на македонскиот осигурителен пазар. Компаниите
под нејзино водство значително ја зголемија капиталната адекватност, пазариот
удел, средствата под управување и профитабилноста. Таа имаше активна улога во
динамичниот раст и развој на компаниите кои ги предводеше сите изминати години.

Триглав Осигурување Живот, под раководство на Учета Дузлевска,
континуирано постигнува одлични резултати во сите сегменти од работењето.
Благодарение на јасната визија, прецизната пазарна стратегија, посветеноста на
клиентите и мотивацијата на вработените Триглав Осигурување Живот последните
две години значително го зголеми своето пазарно учество, со што дополнително ја
зацврсти својата позиција како една од водечките институции во земјата во
доменот на банкоосигурувањето. Клиентската база е повеќекратно зголемена што и
ја донесе на Компанијата лидерската позиција по бројот на продадени полиси, што
заедно со повеќекратното зголемување на билансната сума, капиталот и
профиталното работење ја прави оваа Компанија органски најбрзо растечка и прв
избор на македонските граѓани во животното осигурување, последниве години.

Учета Дузлевска е добитник е на повеќе награди во земјава и странство за
добри менаџмент практики и особени резултати во работењето. Таа е прогласена за
еден од најуспешните бизнис лидери под 40 години на интернационалниот бренд “40
Under 40”. Од почетокот на 2023 година ја извршува позицијата Претседател на
EWBC.

Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска е најголемата
компанија ќерка на Заваровалница Триглав надвор од Република Словенија. Со
седиште во Загреб, таа е композитна 
Компанија која работи во доменот на неживотното и животното осигурување,
присутна на хрватскиот осигурителен пазар веќе 56 години. Со својата долга
традиција, таа делува на целата тероторија на Република Хрватска преку 8
подружници и повеќе од 70 продажни центри. Во 2022 година, оваа Компанија на
своето конто забележа премија од преку 94 милиони евра, билансна сума од 197
милиони евра и капитална база од 25,8 милиони евра.

Кој ќе го води Триглав Осигурување Живот во следниот
период?

Успешното работење на Триглав Осигурување Живот ќе го продолжи новоименуваната
директорка Христина Џамбазовска Анастасов, која по добивање на потребните
одобренија ќе ја преземе функцијата генерален директор.

Џамбазовска Анастасов доаѓа од редовите на Компанијата и поседува
долгогодишно менаџерско искуство во осигурувањето. Под нејзино водство
спроведени се значајни стратешки проекти во реструктуирање на Компанијата, а
искуството во управување со осигурителните процеси и кадровите потенцијали ќе
дадат значителен придонес во  идниот раст
и развој на Компанијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45824
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее со потеклото и со дострелите

26/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на свечена церемонија во „Вила Водно“, денеска ја одликуваше Светлана Мојсов со Орден „8 Септември“ за извонредниот

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди нов општествен договор

26/09/2026

Демократската платформа „Разговори за иднината во 12:05“ денеска ја одржа втората сесија посветена на јубилејот од етаблирањето на независна и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy