
ХАОС ВО СОБРАНИЕ: Мисовски им порача на ВМРО-ДПМНЕ дека се брука невидена – Стојановска викаше: Дезертери!
Откако координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески преку собраниска говорница побара 27 минути пауза, ситуацијата во Собранието се вжешти.
Имено, на ова реагираше пратеничката Дафина Стојановска која побара процедурално, а потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и порача да си седне на место.
По ова следуваа расправии меѓу пратениците и потпретседателот, по што беше прекината седницата за пратенички прашања.
„Видете Дафина, јас оваа слика сум ја видел и на 27 април. Мене апсолутно не можеш да ме извадиш од колосек, ниту пак мене може некој да ме заплаши…“, рече Мисовски и додаде дека ги издржал на 27 април, ќе ги издржи и денес!
На ова Стојановска викаше: Дезертери!

