Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хамас: Победивме на 7 октомври, така и ќе остане
Македонија

Хамас: Победивме на 7 октомври, така и ќе остане

06/11/2023

AA

Високи претставници на милитантното движење Хамас одржаа прес-конференција на непозната локација. Во име на Хамас зборуваше портпаролот Осама Хамдан, пренесува Скај њуз.

Тој прво се осврна на неодамнешните тврдења на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, кој рече дека Хамас складира оружје под болницата Шеик Хамад. Тој го негираше ова и рече дека Хамас не ги користел дупките за кои Израел тврди дека се влезови во подземен тунел.

Портпаролот на Хамас ги повика ОН да ги набљудуваат болниците во Газа за да ги видат воените злосторства на Израел и да утврдат дека Хамас нема никаква врска со тоа.

Хамдан потоа се сврте кон екранот на кој беше прикажана фотографија со наслов „Холокауст во Газа“, пред да каже дека Израел намерно гаѓал цивили во Газа, додавајќи дека во тој процес уништил околу 250.000 домови.

„Окупаторската армија цели кон… жени и деца на отворено, на улиците“, потенцираше тој.

Портпаролот тврди дека Израелците им делеле летоци на цивилите во Газа во кои ги повикуваат да се евакуираат за да ги натераат да ги напуштат своите домови и да станат полесни мети.

Портпаролот на Хамас Осама Хамдан потоа ја коментираше пошироката, меѓународна слика.

– Ги предупредуваме сите страни, ако сакаат да му направат нешто на нашиот народ… нашиот голем палестински народ тоа нема да го прифати“, рече тој.

„САД имаат валкани планови“, оцени портпаролот, пред да додаде дека народот на Газа нема да молчи доколку Вашингтон продолжи со партнерството со окупаторите, мислејќи на Израел.

– Сакаме независна држава со Ерусалим како главен град, истакна Хамдан. – Секој што мисли дека Хамас ќе биде уништен е во заблуда. Хамас ќе биде победник во војната со Израел, додаде портпаролот на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ, САД, Канада, Израел и Јапонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy