Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хамас објави дека на Црвениот крст му предал 20 заложници
Македонија

Хамас објави дека на Црвениот крст му предал 20 заложници

26/11/2023

AA

Палестинската исламска организација Хамас, која владее во Појасот Газа, доцна вечерва соопшти дека на Црвениот крст му предала 13 Израелци и седум странци, вкупно 20 заложници.

Заложниците ќе бидат префрлени од Појасот Газа во Египет преку граничниот премин Рафах, а оттаму во Израел, пренесоа израелските медиуми.

Во канцеларијата на портпаролот на израелската војска беше потврдено дека 13 израелски заложници се во рацете на Црвениот крст и дека се на пат кон преминот Рафа. Таму ќе ги пречекаат израелски претставници.Израелските медиуми потоа објавија дека 13 израелски и четворица, а не седум странски заложници влегле во Египет од Газа.

Меѓу ослободените има осум израелски деца и пет израелски жени, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Мајед ал Ансари, земјата која посредуваше во договорот за четиридневното примирје во војната меѓу Израел и Хамас.

Врз основа на договорот, планирано е ослободување на најмалку 50 заложници, киднапирани на југот на Израел на првиот ден од војната, 7 октомври и однесени во Газа, за 150 палестински затвореници од израелските затвори.

Примирјето стапи на сила во петокот наутро и на тој ден беа ослободени 13 Израелци за 39 палестински затвореници. Ослободени се и десет киднапирани Тајланѓани и еден Филипинец.

Хамас денеска го одложи ослободувањето на заложниците, тврдејќи дека Израел не ги почитува условите од договорот.

Катар и Египет се залагаат за продолжување на ослободувањето на заложниците, а американскиот претседател Џозеф Бајден разговараше со катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани, барајќи од него да го надмине доцнењето во спроведувањето на договорот и да изврши притисок врз Хамас.

Во меѓувреме, околу 100.000 луѓе протестираа во Тел Авив повикувајќи на враќање на сите заложници од Газа.

Во нападите на Хамас на југот на Израел во Појасот Газа беа земени околу 240 заложници, а беа убиени над 1.200 луѓе, главно цивили. Во израелското бомбардирање на Газа и последователната копнена офанзива, загинаа речиси 15.000 Палестинци, меѓу кои и околу 6.000 деца.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy