Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Хамас го одложи ослободувањето на израелските заложници!
Македонија

Хамас го одложи ослободувањето на израелските заложници!

10/02/2025

AA

Вооруженото крило на Хамас до понатамошно известување го одложи планираното ослободување на израелските заложници, што требаше да биде извршено во сабота, објави портпаролот на групата преку Телеграм.

Хамас пред два дена ослободи тројца заложници од Газа, додека Израел ослободи 183 палестински затвореници и затвореници како дел од петтата размена на затвореници во рамките на кревкиот прекин на огнот кој трае веќе три недели.

Сепак, појавата на тројцата ослободени израелски затвореници ја шокираше израелската јавност и предизвика револт и неверување. Од друга страна, многу од ослободените палестински затвореници биле исто така екстремно слаби, а седум од 43-та морале да бидат хоспитализирани, според Клубот на палестинските затвореници.

Напредокот во последните фази од преговорите се чини ограничен. Денеска беше објавено дека израелската делегација, која отпатува во Доха за време на викендот за да преговара за следната фаза од примирјето во Газа, се вратила во земјата, бидејќи расте сомнежот за процесот со посредство на Египет и Катар.

Портпаролот на бригадите Ал Касам Абу Обеида го обвини Израел за прекршување на договорот.

„Во текот на изминатите три недели, раководството на отпорот ги надгледуваше непријателските прекршувања и непочитувањето на условите од договорот, вклучително и одложувањето на враќањето на раселените лица во северниот дел на Појасот Газа и нивно таргетирање со гранатирање и пукање“, рече Обеида.

Тој додаде дека „примопредавањето на ционистичките затвореници, кои требаше да бидат ослободени во сабота на 15 февруари 2025 година, ќе биде одложено до понатамошно известување, додека окупацијата не ги исполни условите и ретроактивно не ги надомести пропуштените недели“.

„Ние сè уште сме посветени на договорот, но само доколку окупацијата ги исполни своите обврски“, рече Обеида, според Гардијан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy