
Хамас ја потврди смртта на висок функционер, по напад со дронови
Хамас сега ја потврди смртта на заменик-шефот на неговото политичко биро, Салех ал-Ароури, во експлозијата јужно од Бејрут.
Ал-Ароури исто така беше познат по тоа што е длабоко вклучен во воените работи на Хамас.
Израелско беспилотно летало во вторникот нападна канцеларија на Хамас во јужните предградија на либанскиот главен град Бејрут, при што загинаа четири лица, објави либанската државна новинска агенција.
Безбедносни извори соопштија дека во инцидентот бил убиен високиот функционер на Хамас, Салех Ал-Арури.
Телевизиската станица Манар на Хезболах, либанската вооружена група која има упориште во областа, соопшти дека се слушнала експлозија во близина на автопатот Хади Насралах, во близина на патна раскрсница.
Не се дадени детали за експлозијата,оја доаѓа еден ден пред говорот на лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насралах.
Сведок на Ројтерс изјави дека експлозијата можеби била предизвикана од дрон што удрил во вториот кат од зграда во преполната населба.
Хезболах, сојузник на Хамас, речиси секојдневно разменува оган со Израел преку јужната граница на Либан од избувнувањето на израелско-хамас војната во Газа на почетокот на октомври.
Во израелските воздушни напади и гранатирање загинаа повеќе од 100 борци на Хезболах и речиси дваесетина цивили, меѓу кои деца, постари лица и неколку новинари, според Хезболах и безбедносни извори.
