
ХАЛКИДИКИ: Гром усмрти 13-годишно девојче на плажа
Гром денеска усмрти 13-годишно девојче на плажа на Халкидики.
Настанот се случил попладнево додека девојчето било на песокот, а првичните информации говорат дека со повреди се здобила и нејзината мајка. За инцидентот полициската управа Касандра води прелиминарна истрага, јавуваат грчките медиуми. Времето на Халкидики е многу лошо со силни поројни дождови.
Во соседна Србија во Прокупље, маж завчера загина од удар на гром.

