
Халеп поднесе жалба: Верувам дека вистината ќе победи!
Поранешната освојувачка на Вимблдон даде изјава и пред новинарите во која посочи дека се надева на брзо враќање на тениските терени.
„Имав можност да ја дадам својата одбрана и верувам дека вистината ќе победи и наскоро ќе се вратам на теренот“, кажа Халеп.
Халеп беше суспендирана во октомври 2022 година откако беше утврдено дека е позитивна на забранета супстанција.