
Хакерски напад врз скопската Зоолошка градина – избришани сите податоци
Утрово скопската Зоолошка градина стана цел на хакерски напад. Вработените при доаѓањето на работа забележале дека системот е компромитиран и сите податоци се избришани, информираат од ЗОО Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштуваат дека во моментот се врши увид на терен и дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Во Зоолошката градина, вчера за вршител на должност директорка беше назначена Катерина Костова, која претходно работела во Правниот сектор на институцијата.
