
Гвардиола пак удри по Премиер лигата: Бизнисот мора да тече
По денешниот меч против Борнмут, кој неговиот тим го доби со 1-0, шпанскиот стручњак се пожали на тоа што Сити нема време за одмор.
„Ви благодарам за календарот, ова е премногу. Ама, бизнисот мора да тече. Ги обожавам моите фудбалери, тие се супермени, играат на секои три дена. Борнмут имаше седум одмор пред денешниот натпревар“, рече, межу другото, Гвардиола.
Многу веројатно, нему му попречило тоа што Сити играше денеска, место утре затоа што за утре е закажан дуелот од финалето на Лига купот меѓу Челси и Ливерпул. Веќе во вторник, англискиот и европски шампион се среќава со Лутон во ФА Купот.

