
Гужви на границите – најмногу се чека на Богородица
Утрово се забележани зголемени гужви на граничните премини, особено на „Богородица“, каде што се чека подолго време за излез од државата. Причината за метежот е зголемениот број патници поради споениот викенд и патувањата надвор од земјата.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај е зголемен и на другите излезни премини, но најголема фреквенција се бележи токму кон Грција.
Граѓаните се советуваат да бидат трпеливи, да се информираат навреме за состојбите на граничните премини и да планираат алтернативни рути доколку е можно.