Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гутереш: Женските права не се луксуз што може да чека
Македонија

Гутереш: Женските права не се луксуз што може да чека

06/03/2023

AA

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денеска изјави дека правата на жените не се луксуз што може да чека додека не се решат кризите во светот и изјави дека на секои десет минути жена или девојка се убиваат од член на семејството или партнер, и дека на секои две минути жена умира за време на бременост или породување.

Гутереш, во авторски текст по повод 8 март, Меѓународниот ден на жената, оцени дека остварениот напредокот во поглед на правата на жените полека исчезнува пред наши очи, а најновите прогнози проценуваат дека, доколку се продолжи со ова темпо, ќе бидат потребни уште 300 години за постигне целосна родова еднаквост.

„Мораме да ги смениме овие ужасни трендови и да се залагаме за животите и правата на жените и девојките, насекаде. Ова е еден од моите врвни приоритети и столб на работата на Обединетите нации ширум светот. Од Јужен Судан до Мјанмар, ги поддржуваме жените и девојчињата во криза со тоа што ќе се погрижиме нивниот глас да биде слушнат во мировните процеси“, напиша Гутереш.

Тој оцени и дека денешните кризи, кои следат една по друга, од војната во Украина до климатската вонредна состојба, прво и најтешко ги погодуваат жените и девојчињата.

„Во светлината на глобалните предизвици за демократијата, правата на жените над нивните тела и правото да донесуваат независни одлуки за сопствениот живот се доведуваат во прашање и негираат“, напиша Гутереш.

Оваа година, додаде тој, Меѓународниот ден на жената е фокусиран на затворање на родовиот јаз во науката, технологијата и иновациите.

На глобално ниво, пристапот и користењето на Интернет е за 21 отсто поверојатно кај мажите отколку кај жените, а во земјите со ниски приходи разликата е над 50 отсто, се наведува во текстот.

Тој нагласи дека дури и најбогатите земји се во загуба поради родовите стереотипи и историската пристрасност. На пример, во технолошката индустрија, мажите двојно ги надминуваат жените, а во областа на вештачката интелигенција, соодносот е пет спрема еден.

Дискриминацијата на жените во науката и технологијата е последица на вековната патријархалност, дискриминација и штетни стереотипи, оцени Гутереш и додаде дека жените сочинуваат само три отсто од добитниците на Нобеловата награда во научните категории од 1901 година до денес, а жените на Интернет – вклучувајќи ги и научниците и новинарите – често пати се цел на сексистички говор на омраза и злоупотреба со цел да ги замолчат и посрамотат.

„Потребна ни е акција на повеќе фронтови за да се осигураме дека жените и девојките можат да го дадат својот целосен придонес во глобалното знаење преку науката и технологијата.

Мора да ги срушиме бариерите – од дискриминаторски податоци до стереотипи кои ги одвраќаат девојчињата да студираат природни науки на рана возраст“, ​​рече Гутереш.

„Правата на жените не се луксуз што може да чека додека не ја решиме климатската криза, да ставиме крај на сиромаштијата и да создадеме подобар свет“, рече Гутереш.

Инвестирањето во жени и девојки е најсигурниот начин да се подигнат сите луѓе, заедници и земји и да се постигнат целите од Агендата за одржлив развој 2030 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО ТРЕНДАФИЛОВ НИ Е ЗАЕДНИЧКО САМО ТОА ШТО НÈ ПРАТАТ

12/02/2026
Македонија

НÈ ЧЕКА ВРНЕЖЛИВ ВИКЕНД И ЗАЛАДУВАЊЕ Продолжува променливото време

12/02/2026
Македонија

Касами: Сè додека Беса учествува во Владата како дел од

12/02/2026
Македонија

БЕСА ГО ОТВОРИ ПАТОТ ЗА СПОЈУВАЊЕ ВО ПАРТИЈА „ВРЕДИ“ Движењето

12/02/2026
Македонија

Година на странски туристи: Туризмот во Македонија со раст од

12/02/2026
Македонија

Дефект на водовод блокираше пат: Свлечиште го отсече селото Татар

12/02/2026
Македонија

ТРЕНДАФИЛОВ ИТНО ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА ПРАТЕНИЧКАТА СТОЈАНОСКА Минималната

12/02/2026
Македонија

ОДБРАНАТА НА НИНО ВАСЕВ ЈА ОСПОРИ СТРУЧНОСТА НА ВЕШТАКОТ ОД

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41395
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Нема причинa да ги критикуваме Израел и САД за нападот врз Иран

23/06/2025

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема причина да ги критикува нападите на Израел и САД врз Иран. „Нема причина

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy