Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Гутереш: Отпуштени се девет вработени во Агенцијата на ОН за палестински бегалци
Македонија

Гутереш: Отпуштени се девет вработени во Агенцијата на ОН за палестински бегалци

28/01/2024

AA

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека од 12-те вработени во Агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), наводно вклучени во смртоносниот напад врз Израел на 7 октомври, девет биле отпуштени, еден е убиен, а идентитетот на двајца е се проверува.

„Обединетите нации преземаат брза акција по екстремно сериозните обвинувања против неколку вработени во Агенцијата за помош“, рече Гутереш, додавајќи дека веќе е започната истрага.

„Секој вработен вклучен во терористички акти ќе одговара, вклучително и кривично гонење“, најави шефот на ОН.

Тој, сепак, ги повика сите земји да продолжат да ја финансираат агенцијата, која ги поддржува два милиони жители на Газа, кои зависат од „суштинската помош за нивниот секојдневен опстанок“.

По обвинувањата против агенцијата на ОН во Газа, девет земји привремено го прекинаа финансирањето.

„Обвинувањата против тие членови на персоналот мора да бидат кривично гонети, но десетици илјади мажи и жени кои работат за УНРВА, многумина во најопасните ситуации за хуманитарните работници, не треба да бидат казнети. Мора да се задоволат потребите на очајното население на кое им служат“, рече Гутереш.

Велика Британија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија и Финска им се придружија на САД, Австралија и Канада во саботата во суспендирањето на финансирањето на агенцијата за помош, која е од клучно значење за жителите на Газа, по обвинувањата на Израел.

„Иако ја разбирам нивната загриженост, згрозен сум од ваквите обвинувања. „Силно апелирам до владите кои ги прекинаа плаќањата барем да гарантираат продолжување на операциите на УНРВА“, рече Гутереш, пренесоа агенциите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy